Модерната верзија на познатиот автомобил ќе има премиера на 17 октомври.
Триесет години по завршувањето на производството на оригиналната „четворка“, францускиот производител ќе го претстави својот нов изглед на Renault 4 на Саемот за автомобили во Париз во 2022 година.
Тим од дизајнери кои работат под диригентската палка на Жил Видал, потпретседател за дизајн на Renault, создадоа модерна верзија на култниот модел што остави свој белег на автомобилската индустрија од втората половина на 20 век.
Врз основа на првите „тизери“ може да се заклучи дека новата „четворка“ ќе биде кросовер возило, а се очекува да има и електричен погон.
За потсетување, оригиналниот Renault 4 беше произведен од 1961 до 1993 година, а за тоа време беа продадени вкупно над 8 милиони од овие возила.
Наследникот секако ќе има ретро дизајн, со елементи на футуристички стил, додека се останато, вклучително и цената, ќе биде нова приказна.