Долгоочекуваното лансирање на ракетата SLS на американската вселенска агенција НАСА официјално е одложено за ноември.

НАСА претходно се откажа од лансирањето SLS планирано за 27 септември поради ураганот Иан, а сега и официјално е потврдено дека новиот можен прозорец е одложен за ноември. Според новиот план, вселенската агенција има намера да ја лансира мисијата Артемис 1 во периодот од 12 до 27 ноември.

Претходно, имаше мала шанса за нов обид за лансирање овој месец, но тоа не беше можно бидејќи НАСА ја врати ракетата во објектот VAB (Vehicle Assembly Building) за да ја заштити од урагани.

Ураганот Иан ја зафати Флорида минатата недела, но ослабна до тропска бура пред да стигне на копното во вселенскиот центар Кенеди во четвртокот. Мисијата „Артемис 1“ не претрпе никакви штети освен малку вода што влезе во објектите.

Како дел од мисијата Артемис 1, беспилотната капсула Орион ќе тргне на пат околу Месечината, а тоа ќе биде основа за идните мисии чија крајна цел е враќање на луѓето на Месечината, односно слетување на првиот човек со темна кожа и првата жена на површината на Месечината.

НАСА претходно го одложи лансирањето поради истекување на гориво, но оттогаш тоа е решено.