Интел ја претстави 13-та генерација Core процесори, наречени Raptor Lake, кои се карактеризираат со бројни подобрувања и поголеми брзини.

Ако сакате да видите вистинска конкуренција на дело, само погледнете ја „војната“ меѓу Intel и AMD за да се донесе најбрзиот компјутерски процесор на пазарот.

Во текот на последните десет години, Интел имаше големи проблеми со одложување на производството и дизајнот на своите процесори, што AMD го искористи за да ја зајакне својата Zen архитектура и да го создаде импресивното семејство на чипови Ryzen.

Кога многумина веќе го отпишаа Интел, компанијата ја претстави долгоочекуваната 12-та генерација на Core процесори, која забележа голем успех на пазарот. Сега е време за наследниците, а тоа се чиповите од 13-та генерација – Raptor Lake.

Интел ги претстави сериите K и KF сериите на десктоп процесори, предводени од премиум моделот Core i9-13900K, чија цел е да понуди најдобро искуство за играње.

Core i9-13900K има двојно повеќе E-јадра во споредба со претходниот модел 12900K и вкупно 24 јадра, повисоки брзини на засилување (до 5,9 GHz) и повеќе кеш меморија. Подобрувања се направени и во сегментот на оверклокување, со Extreme Tuning Utility и Intel Speed ​​​​Optimiser.

Новата платформа носи и подобрувања за DDR5 меморијата, зголемувајќи ги брзините од 4800 MT/s на 5600 MT/s.

Месецов на пазарот се очекува 13-та генерација на Core десктоп процесорот на Intel, а цените ќе ги дознаеме подоцна.