За време на конференцијата Innovation 2022, Samsung претстави интересен уред кој вклучува хардвер на Intel.

Прикажан е „лизгачки“ компјутер, кој е украсен со OLED екран кој може да се прошири. Со поместување на работ на прототипот, 13-инчниот дисплеј беше трансформиран во 17-инчен екран.

На овој начин, екранот на поголем таблет беше претворен во помал монитор. Samsung со години работи на лизгачки OLED екрани, а првиот прототип беше прикажан минатата година.

„Го најавуваме првиот 17-инчен лизгачки дисплеј за компјутери во светот. Овој уред ќе задоволува различни потреби за голем екран, но и за преносливост“, изјави Ј.С. Чои – извршен директор на Samsung Display.

Сепак, овој уред во својата конечна форма не се очекува да се појави на пазарот во скоро време, ако воопшто се појави, бидејќи многу концепти од овој тип не стануваат комерцијални уреди.