Јутјуберот TechRax го стави првиот издржлив часовник на Apple – Watch Ultra – на неговиот екстремен тест за издржливост.
Apple Watch Ultra беше претставен на почетокот на септември и е првиот издржлив часовник на компанијата. Ова секако е задоволство за многу јутјубери, кои решиле да го тестираат, а меѓу нив е и TechRax.
Со цел да се тестираат многуте засилувања што ги користи Watch Ultra, како што се куќиштето од титаниум, дисплејот од сафир и заштитата за круна, TechRax користеше голем број екстремни методи.
Така Apple Watch Ultra беше фрлен на бетон на „drop“ тест, ставен во тегла со шајки, по што теглата беше протресена, а потоа одлучи да го удри часовникот со чекан.
Интересно е тоа што часовникот ги поминал сите овие тестови без трајни или поголеми оштетувања. Тука спаѓаат и ударите со чекан, а колку такви удари биле потребни за конечно да се оштети часовникот, погледнете во придружното видео.