Инстаграм воведе нова промена која веројатно ќе им се допадне на корисниците, а се работи за можноста за објавување story кое нема да се дели на клипови доколку трае помалку од 60 секунди.
Социјалната мрежа почна да ја тестира промената минатата година, а сега е достапна за сите корисници ширум светот.
Instagram is rolling out its longer stories feature
Videos will no longer be split into separate story segments if under 60 seconds long. pic.twitter.com/Rc2L8WVVmp
— Matt Navarra (@MattNavarra) September 23, 2022
„Секогаш работиме на начини да го подобриме искуството со Stories. Сега е можно постојано да се гледаат и создаваат приказни ако траат до 60 секунди. Тоа значи дека нема повеќе автоматско делење на клипови од 15 секунди“, беше кажано за TechCrunch.
Оваа можност веројатно ќе им се допадне на креаторите на содржини и на корисниците и полесно ќе се дојде до посакуваната приказна без потреба од многу допири на екранот за да се прескокнат несаканите.
Оваа промена донекаде ја намалува разликата помеѓу Stories и Reels, бидејќи корисниците сега имаат две опции да објавуваат видеа долги до 60 секунди.
Инстаграм претходно ги прошири ограничувањата на должината на видео содржините. Во јуни се појави поддршка за Инстаграм Reels до 90 секунди од претходните 60 секунди, додека видеата пократки од 15 минути автоматски се споделуваат како Reels.
Промените не се изненадување со оглед на еволуцијата на Инстаграм, кој сака да расте како производ со кратки форми. Затоа, може да се очекува дополнително намалување на разликата помеѓу Stories и Reels.
Инстаграм продолжува да го „брка“ TikTok и неодамна воведе сличен feed на цел екран. Сепак, не долго потоа, беше повлечен поради бесот на корисниците, но социјалната мрежа објави дека тоа не значи крај на приоритизацијата на видеата.
Поврзани артикли