Атрактивниот концепт најавува некои нови случувања во бизнисот на романскиот производител.
Manifesto, концептниот автомобил претставен од Dacia, всушност е „лабораторија“ за тестирање на иновативни решенија, од кои некои ќе најдат место во сериските модели.
Овој концепт не најавува посебен модел, како што често се случува, туку само покажува како авантуристичкиот дух на возачот може да се задоволи на наједноставен можен начин, притоа задржувајќи го еколошкиот аспект во фокусот.
Овде, патниците се буквално во директен контакт со околината, бидејќи Manifesto нема врати, прозорци или ветробранско стакло.
Капакот на багажникот е работна плоча, додека комуникацијата со цивилизацијата се врши преку системот Bring-Your-Own-Device. Веќе е комерцијализиран и прифатен од бројни клиенти.
Дополнително, YouClip е додаток кој нуди едноставен начин за безбедно прикачување низа практична и модуларна опрема.
Од компанијата Dacia велат дека тие ќе се вградуваат во сериски модели, бидејќи веќе почнале да се нудат модуларни носачи на покривот.
Сепак, ова не важи за предното светло, кое може да се откачи и да се користи како моќна рачна лампа.
Автомобилот е претежно направен од рециклиран Starkle материјал, внатрешноста е направена од природни материјали како плута, а гумите се „без воздух“, па затоа се долготрајни и практично неуништливи.
Покрај тоа, Manifesto е вистински SUV.
Има погон на 4 тркала, висок под, додека целата внатрешност е водоотпорна.
Со други зборови, по еден ден тркалање во калта, овој автомобил се чисти со млаз вода внатре и надвор.
А кога станува збор за Dacia, некои новости се веќе тука.
Новото лого, новиот изглед на продажните салони, новиот дизајн и новите бои ќе го направат овој бренд уште поатрактивен, објави романската компанија.