Шпанската компанија PLD Space објави дека успешно ги завршила статичките тестови на својата ракета.
Тоа е голем успех, кој е кулминација на 11 години напорна работа и кој го отвора патот за лансирање на ракетата Миура 1 пред крајот на оваа година. Тоа е ракета која може да се користи повеќе од еднаш.
It hasn’t been easy, but 11 years later, the dream of two people has
become the reality of 115.
Today we are closer than ever to the stars.
And it’s all thanks to you, team ? pic.twitter.com/PKmLUcuq4r— PLD Space (@PLD_Space) September 15, 2022
Тестовите се извршени на аеродромот Теруел, а целта на компанијата е да ја лансира ракетата Миура 1 од објектот Ареносило на југот на Шпанија, кој го нарекуваат уште и „Шпански Кејп Канаверал“.
PLD Space изврши целосен тест за мисија во текот на ноќта на аеродромот Теруел во западна Шпанија во средата на 14 септември. Тестот траеше 110 секунди и ги тестираше потсистемите на ракетата Миура 1 за да се осигура дека ќе биде подготвена за лансирање до крајот на годината.
За време на тестирањето, таа се активира од моторот Тепрел-Б на течно гориво, што ќе и овозможи на ракетата да лета во вселената. Сепак, мисијата беше фокусирана на тестирање на сите системи на ракетата истовремено за да се увери компанијата дека работи правилно.
Европските ракетни компании заостануваат зад SpaceX и другите компании кои веќе имаат ракети за повеќекратна употреба. SpaceX штотуку ја лансираше својата ракета Falcon 9 по рекорден 14-ти пат.
Компанијата PLD Space е основана во 2011 година од Раул Торес и Раул Верду со цел да се забрзаат иновациите на Стариот континент, а сега конечно се е подготвено за првото лансирање.
До денес, компанијата има собрано повеќе од 50 милиони евра средства, а мал дел од тие пари доаѓаат од Европската вселенска агенција.
Миура 1 ќе стане првата шпанска ракета во вселената, но и првата ракета за повеќекратна употреба во Европа која ќе помогне да се задоволи зголемената побарувачка за лансирање на мали товари во ниската земјина орбита.
Ракетата Миура 1, некогаш позната како Арион 1, е висока 12,5 метри, а носивоста е ограничена на 100 килограми. За споредба, ракетата Falcon 9 на SpaceX во ниската орбита на Земјата може да носи 25.000 кг, додека ракетата Electron на Rocket Lab е ограничена на носивост со тежина помеѓу 200 и 300 kg. Миура 1 користи мешавина од течен кислород и керозин како гориво.
По лансирањето, Миура 1 се очекува да достигне височина од 153 километри пред да го фрли товарот во орбитата. После тоа, ќе се врати на Земјата и ќе го активира главниот падобран на висина од околу три километри. На крајот, ќе биде спуштен во океанот каде што ќе го чека брод, ќе го подигне од водата и ќе го пренесе на копно.
Поврзани артикли