Многу корисници нема да бидат среќни кога ќе дознаат дека нивната омилена апликација за пораки повеќе нема да може да се користи на некои телефони.

WhatsApp наскоро ќе престане да работи на некои постари модели на iPhone.

Поточно, како што пишува WABetaInfo, WhatsApp планира „да ја прекине поддршката за некои верзии на iOS во следните неколку месеци: станува збор за верзиите iOS 10 и iOS 11“, а додадоа дека точниот датум е 24 октомври.

Корисниците на овие верзии на оперативниот систем iOS ќе треба да се префрлат на iOS 12, а истото ќе треба да го направат и сопствениците на моделите iPhone 5S, iPhone 6 и iPhone 6S.

Сепак, моделите на iPhone 5 и iPhone 5C не се компатибилни со iOS 12, што значи дека по 24 октомври нивните сопственици воопшто нема да можат да користат WhatsApp.