Во ноември минатата година кинеските медиуми објавија дека Кина развива моќен нуклеарен реактор за мисии на Месечината и Марс, а двајца истражувачи вклучени во проектот потврдија дека дизајнот на прототипот е завршен и дека се произведуваат некои клучни компоненти. Сепак, сега пристигнаа нови информации.
SpaceNews пишува дека реакторот ја поминал проценката на перформансите спроведена од Министерството за наука и технологија, но се уште нема технички детали.
Реакторот е дизајниран од Кинеската академија на науките, а станува збор за динамичен реактор кој може да генерира 1 MW електрична енергија, што значи дека е 100 пати помоќен од сличен уред што НАСА планира да го постави на површината на Месечината до 2030 година за напојување на вселенски летала и погон.
Кинескиот реактор генерира доволно енергија за напојување на десет меѓународни вселенски станици, а НАСА претходно откри дека комплексот добива максимални 120 kW електрична енергија.
Проектот започна со финансирање на централната влада во 2019 година.
Кина е многу искусна во користењето на нуклеарната енергија дури и за време на вселенските мисии, како пример е лунарниот лендер Chang’e 3 кој користи нуклеарен генератор базиран на плутониум за да ги преживее студените лунарни ноќи кои траат две недели. Исто така, оваа земја инвестира многу за да ги зголеми своите можности во вселената, развивајќи криогени ракети, суборбитални вселенски авиони и слично.