Популарната услуга за пораки тестира функција која ќе им помогне на корисниците доколку случајно избришат порака.
WhatsApp за iOS наскоро ќе ја добие долгоочекуваната опција „undo“ која ќе им овозможи на корисниците да ги вратат избришаните пораки.
Сајтот WABetaInfo дојде до оваа информација, а функцијата беше забележана во iOS 22.18.0.70 бета верзијата на апликацијата. Во долниот десен агол на корисникот ќе му се прикаже опција „undo“, откако пораката ќе биде избришана.
Треба да се напомене дека известувањето ќе исчезне доколку корисникот доволно брзо не кликне на „undo“, што значи дека нема да може да се врати избришаната порака.
Засега нема информации кога споменатата функција ќе стане достапна за сите корисници, како и дали ќе биде овозможена и за другите платформи.