Опцијата за камера на Google Translate сега е достапна на многу повеќе јазици отколку порано. Компанијата претстави сет нови опции за оваа апликација, вклучувајќи ја и можноста преку камера да се преведува на повеќе од 100 јазици.

Додадени се повеќе од 60 нови јазици кои работат со инстант камерата (опција која овозможува директно од сликата да се преведе зборот), па сега вкупно 88 јазици ја имаат таа можност. Како додаток, Google Translate може како извор за превод да користи глас, рачно напишан или печатен текст, или претходно сликана фотографија. Сепак, потребно е да се нагласи дека немаат сите јазици достапност до сите можности.

Најголемо подобрување е сепак во тоа што Google Translate сега користи Neural Machine Translation (NMT), на опцијата за инстант камера. Тоа е функција која според тестовите ги намалила грешките во преводот во просек за 55 проценти, додека на некои парови на јазици бројот на грешки се намалил дури за 85 проценти. Сепак, оваа функција не е достапна секогаш, бидејќи бара да бидете поврзани на мрежата.

Додадена е и функција автодетекција на оригиналниот јазик кој може да биде од голема помош кога не сте сигурни на кој јазик е напишана пораката чиј превод ви е потребен.

Извор: PC Press.rs