Компанијата Caviar, позната по своите луксузни модификации, ја нуди својата верзија на новиот смартфон Samsung Galaxy Fold 4.
Станува збор за модел наречен Heralds of Galaxy, кој се нуди во четири верзии со делчиња од метеорит, златни украси и кожа.
„Најевтината“ верзија чини 9.480 долари, но оние кои ќе ја изберат верзијата со метеорит ќе издвојат околу 11.000 долари.
Ѕвездата на понудата е Golden Meteor, кој го претставува Galaxy Z Fold 4 со редизајниран заден панел. Овој панел содржи честички од три метеороиди, Seymchan, Muonionalusta и Diablo Canyon. Секој фрагмент е уникатен, така што секој примерок од уредот има уникатен дизајн.
Caviar ќе продаде само 29 единици од овој дизајн, а уредот ќе го има и логото на Caviar во 24-каратно злато. Цената на верзијата со 256 GB внатрешна меморија ќе биде 11.030 долари, односно 11.460 долари за верзијата со 512 GB внатрешна меморија.
Има и поевтина верзија на Canyon Diablo со титаниум, за која треба да потрошите 10.680 или 11.110 долари во зависност од меморијата.
Очекувано, сите модели се напојувани од процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 и имаат камера од 50 MP.