Опцијата за нумерички приказ на нивото на батеријата доаѓа кај моделите на iPhone кои имаат FaceID, но начинот на кој беше имплементиран разочара многумина.
Во најновата бета верзија на iOS 16, Apple направи многу мала, но значајна и, се испоставува, контроверзна промена за која веќе неколку дена пишуваат технолошките медиуми. Откако компанијата го претстави првиот телефон со хардверски исечок на екранот каде што се наоѓаат камерата и сензорите (тоа беше моделот iPhone X), телефоните со таков „засек“ повеќе не го прикажуваат процентот на батеријата бидејќи нема доволно простор на екранот.
Иако иконата за батеријата е сè уште достапна, за точниот процент на батеријата, треба да го повлечете прстот надолу по екранот, така што, заедно со иконите на контролниот центар, покрај иконата за батеријата ќе се појави точниот процент.
Со новата тест верзија на својот мобилен оперативен систем, Apple го врати тој процент на батерија, но тоа го направи на начин што наиде на многу критики. Имено, процентот на батеријата се појавува внатре во иконата на самата батерија, но се додека нивото на батеријата падне на 20 проценти, полето во батеријата е секогаш на максимум, па се чини дека батеријата е секогаш полна. Значи, ако батеријата е на 21 процент, на прв поглед ќе изгледа како да е на 100 проценти – се разбира, бројот во батеријата ќе го покаже точниот капацитет.
Just recreating the battery indicator pic.twitter.com/cK8PZDe9Y5
— Brian Michel (@brianmichel) August 9, 2022
Поради ова, бројни технолошки медиуми го „закопаа“ Apple и нивната прилично нелогична одлука, додека корисниците се разочарани од ваквиот неимагинативен потег на компанија која е позната токму по дизајнот и иновативноста. На Твитер толку многу корисници објавија свои дизајни на статусната линија за батеријата, со која на тимот на Apple му објаснија како може многу подобро да се прикаже, така што нивото на батеријата се прикажува и нумерички и внатре во иконата за батеријата.
Nothing wrong with what Apple released but I think I might’ve preferred something like Alternative A for the battery indicator pic.twitter.com/a44879RIFk
— Mikael Johansson (@michaelnevernot) August 10, 2022
Бидејќи станува збор за тест верзија на оперативниот систем, која треба да стане достапна за корисниците во текот на следниот месец, дизајнерите на Apple имаат сè уште време да смислат подобар начин за прикажување на статусот на батеријата од кој корисниците би биле задоволни.
Поврзани артикли