Компанијата Virgin Galactic објави дека нејзината услуга за комерцијален вселенски туризам е повторно одложена од крајот на оваа година за вториот квартал на 2023 година.
За време на финансискиот извештај, компанијата официјално објави дека летовите се одложени поради „продолжување на датумот на завршување на програмата за подобрување на авионите VMS Eve“.
Токму VMS Eve е клучен дел од системот за лансирање бидејќи го носи вселенското летало VSS Unity на надморска височина од повеќе од 15.000 метри пред да го продолжи своето патување до работ на вселената. Програмата за подобрување започна на 7 јули со цел зголемување на фреквенцијата на летовите, но и „сигурност, предвидливост и издржливост“.
Во исто време беа презентирани подобрувањата, Virgin Galactic објави дека компанијата на Боинг, Aurora Flight Sciences ќе ја дизајнира и произведува следната генерација на авиони, кои треба да стапат во употреба во 2025 година. Компанијата работи и на новиот вселенски брод VSS Imagine, чиј тест лет е планиран за првиот квартал од 2023 година.
Virgin Galactic веќе ги одложи првите платени летови од третиот до четвртиот квартал од 2022 година како „превентивна мерка“ бидејќи постоеше можност за проблеми со системот за контрола на летот.
Со следниот лет, тројца членови на италијанското воено воздухопловство требаше да патуваат за да ги проучат ефектите од преминот од Земјината гравитација кон микрогравитацијата, и врз луѓето и врз животната средина.
Virgin Galactic објави квартална загуба од 111 милиони долари и планира да продаде акции во вредност од 300 милиони долари.