Galaxy уредите на преклоп повторно нѐ потсетуваат на она што е можно со уникатни искуства и интеракции за сите корисници на паметни телефони ширум светот.
Samsung ја создаде оваа нова категорија со претворање на неверојатното во реалност, сето тоа преку иновативни нови технологии и софистицирани, високопрецизни производни процеси.
Имено, клучниот елемент на уредите на преклоп на Samsung е ултра тенкото стакло, заштитен материјал кој може да се превиткува стотици илјади пати, притоа задржувајќи ја својата издржливост и цврстина.
Бидејќи популарноста на уредите што се преклопуваат рапидно расте, Samsung го усовршува производството на ултра тенко стакло за да испорача повеќе уреди што се преклопуваат на потрошувачите.
Во ова видео, погледнете неколку клучни чекори во создавањето на ултра тенко стакло, вклучително и како Samsung го сече, обликува и полира секое парче за максимална издржливост, за да обезбеди само најквалитетен финален производ. Благодарение на лидерството и совршената изработка на Samsung, телефоните на преклоп Galaxy, кои се направени за модерното време, го подобруваат секојдневниот живот на корисниците.
Истражете го иновативниот процес на производство на ултра тенко стакло на Samsung кој искуството со паметен телефон на преклоп го прави возможно.
Поврзани артикли