Инстаграм засега го отфрли својот лошо прифатен редизајн во стилот на ТикТок и го намалува постојаниот налет на препораки, но тоа нема да го спречи целосно појавувањето на препорачаната содржина на вашиот feed.
Излегува дека има решение за кое можеби не сте знаеле, а кое неодамна го откри Адам Мосери во една од неговите стории неодамна..
Можно е да ги одложите препораките и предложените објави од вашиот главен feed на Инстаграм за 30 дена со само неколку кликања.
Како да се направи тоа?
Скролувајте низ вашиот главен feed на Инстаграм додека не наидете на препорачана објава. Тие обично се придружени со објаснувања зошто ги гледате, како на пример „затоа што сте гледале објава од…“ или „затоа што следите…“.
Допрете го X во горниот десен агол. Откако ќе го направите тоа, ќе видите текст кој потврдува дека одредената објава е скриена. Сепак, ова само ќе ја отстрани таа објава.
Меѓу наведените опции, допрете ги одложи сите предложени објави за 30 дена.
После тоа, ќе се појави потврда дека вашата активност нема да содржи предложени објави во следните 30 дена.
Имајте на ум дека чистењето на feed-от од предложените објави нема да ве спречи да гледате многу реклами на Инстаграм во вашиот feed. Но, тоа е уреден начин да преземете барем малку поголема контрола врз тоа како апликацијата работи за вас.