Со оглед на тоа што TikTok и откривањето на музика и различни песни на услугата се тесно поврзани, не би било изненадување доколку компанијата објави своја апликација за стриминг на музика.
Апликациите за патенти, откриени од инсајдер, покажуваат дека TikTok работи на сопствена музичка апликација. ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, поднесе барање за патент за „TikTok Music“ уште во мај.
Според достапната документација, услугата ќе им овозможи на корисниците да купуваат, пуштаат, споделуваат и преземаат музика. Исто така, може да овозможи креирање, споделување и препорака на музички плејлисти, коментари за музика и пренос во живо на аудио и видео содржини.
ByteDance веќе има искуство со стриминг музика, бидејќи компанијата ја лансираше апликацијата за стриминг Resso во Индија, Бразил и Индонезија во 2020 година.
Во моментов не е познато дали ByteDance планира да развие апликација за стриминг музика врз основа на framework што ја користи Resso или ќе создаде нешто сосема ново.
Поврзани артикли