Еден од најинтересните телефони кои се појавија во последно време е Nothing Phone (1). Дојде време овој уред да биде ставен на тест за издржливост.
Популарниот YouTube канал JerryRigEverything го претстави Nothing Phone (1) на неговиот неконвенционален тест за издржливост. Зак, од гореспоменатиот канал, го подложи телефонот на неговите вообичаени тестови за гребење и изгореници на екранот, како и на главниот тест за свиткување.
Кога станува збор за гребнатини на екранот, се е „нормално“. На екранот се прикажуваат гребнатини од шестото ниво на скалата на Мос, со подебели резови на седмото ниво. Телефонот има заштита од Gorilla Glass и на предната и на задната страна, а тоа ги штити и камерите на уредот.
Дисплејот од 6,5 инчи има стапка на освежување од 120 Hz и е од типот OLED. По изложувањето на пламенот на запалката, екранот побелува, но се опоравува во најголема мера.
За време на најинтересниот дел од тестот, свиткување со рака, Nothing Phone (1) се покажа како издржлив. Сепак, постои страв дека уредот може да се скрши под поголем притисок, особено во областа каде што се наоѓаат антените.
Во секој случај, Nothing Phone (1) покажа дека не е „ништо“, иако има потенцијал за подобрување. Се очекува компанијата Nothing да направи соодветни подобрувања во следните верзии на својот уред.
Поврзани артикли