Седумгодишно момче е повредено во шаховски меч кој го играл против робот за време на турнирот кој се одржувал во Москва.
Организаторите соопштија дека несреќата се случила кога момчето се обидело да го изигра својот потег пред време. Прстот му беше скршен, но младиот шахист сепак го заврши мечот. Сепак, неговите родители сега подготвуваат тужба.
„Роботот му го скрши прстот на момчето и тоа е очигледно лоша работа. Момчето направи потег, но требаше да му даде време на роботот да одговори. Сепак, тој побрза и роботот го фати“, изјави Сергеј Лазарев, претседател на Московската шаховска федерација.
All acquisition that advanced AI will destroy humanity is false. Not the powerful AI or breaching laws of robotics will destroy humanity, but engineers with both left hands :/
On video – a chess robot breaks a kid’s finger at Moscow Chess Open today. pic.twitter.com/bIGIbHztar
— Pavel Osadchuk ??? (@xakpc) July 21, 2022
Роботот не е во сопственост на Федерацијата, туку се изнајмува по потреба. Операторите очигледно ја „занемариле“ оваа можност во безбедносните протоколи.
„Овој робот игра шах 15 години и ова е единствениот инцидент на кој се сеќавам. Тоа е апсолутно безбеден, но талентираниот пронаоѓач треба да инсталира дополнителни безбедносни протоколи. Момчето е добро“, додаде заменикот на Лазарев, Сергеј Смагин.
Поврзани артикли