Мета е под постојан притисок да прикажува повеќе содржини на своите платформи хронолошки, а компанијата има решение за тоа.
Фејсбук сега ги лансираше табовите Home и Feeds, кои нудат поголема контрола и овозможуваат социјалната мрежа да се фокусира на препорачаната содржина.
Табот Feeds ги прикажува објавите на пријатели, групи и страници (Pages) во линеарен приказ. Од друга страна, табот Home го користи системот на Facebook за наоѓање препорачани објави, Reels и други содржини, вклучително и од луѓе што не ги следите.
Табовите ќе се појават во полето за кратенки на апликациите на Facebook за Android и iOS и ќе почнат да се појавуваат за корисниците ширум светот оваа недела. Табот Home ќе биде стандардно отворено, додека табот Feeds може да се прикачи на лентата за кратенки за да биде секогаш достапен.
Мета се надева дека преместувањето на хронолошки прикажаните содржини ќе ги задржи или врати корисниците кои ја напуштиле платформата, а исто така нема да навлегува во оние кои само сакаат да се дружат со пријателите.