На 28 јули, компанијата EA ќе го лансира 12-тото проширување за играта The Sims 4, а од тој ден сите играчи ќе можат да ја менуваат сексуалната ориентација на нивните ликови, односно Симс.
Овие промени се дел од напорите на програмерите да ја зголемат застапеноста на LGBTQIA+ заедницата во играта.
„Со ова и неодамнешното ажурирање, правиме неколку чекори напред во игра која ги почитува и слави нијансите и боите во секојдневниот живот“, рече водечкиот дизајнер на игри The Sims 4, познат како SimGuruJessica.
Дивелоперот Maxis работеше со GLAAD и It Gets Better Project за да „обезбеди најширок можен опсег на гледишта за тоа како да се пристапи кон оваа функција на начин кој ќе ја почитува и ќе ја подигне заедницата.
Постојат неколку поставки за привлечност за секој лик, кои може да се користат и прилагодат во опцијата за избор на пол. Можно е да се избере дали ликот ќе го привлекуваат мажи или жени или ниту едно. Промените може да се направат во секое време. Можно е да имате асексуален лик или оној кој ќе влегува во WooHoo (сексуален однос) со други ликови, но не и во врски со нив. Повремениот секс е нова карактеристика во The Sims 4. Младите возрасни и постарите ликови можат да бараат од блиските пријатели да станат WooHoo партнери, но одбивањето може да доведе до непријатни интеракции.
Сè уште нема небинарни Sims во The Sims 4, така што и покрај „големиот напредок во претставувањето на небинарни Sims, има уште многу работа да се направи и додавање системи потребни за соодветна поддршка на небинарни Sims, кои ќе потрае малку подолго, но Maxis работи на тоа“.
Истополовите врски се во игра од 1999 година, а новите измени ќе им дадат на играчите поголема контрола врз приказните што сакаат да ги раскажат. Maxis работи на подобрување на застапеноста во The Sims 4, како и на други фронтови. Во 2020 година беа додадени повеќе од 100 тонови на кожа и лизгачи за да се приспособи нијансата.