Функциите за пораки и видео разговор што ги нуди Snapchat се достапни само на мобилната верзија на услугата повеќе од една деценија. Сега е претставен Snapchat for Web – верзијата на услугата за прелистувач.
Претплатниците на Snapchat+ први ќе добијат пристап до новата веб апликација, која по одреден период ќе стане достапна за сите корисници.
Snapchat for Web: Chat, Snap, and Video Call from your computer ?
Exclusive to Snapchat+ Subscribers: https://t.co/sqcMyZag2x ?
Happy Snapping! pic.twitter.com/qCdGUXYab5— Snapchat (@Snapchat) July 18, 2022
Првично ќе поддржува испраќање пораки и видео повици, а се планира поддршка за AR (проширена реалност), како и фото и видео Snaps.
Компанијата исто така ја опреми својата веб-верзија на услугата со некои безбедносни функции. На пример, ќе ги блокира обидите за слики од екранот – скриншот, а додаден е и „privacy screen“ кој ја блокира содржината на разговорот на корисникот доколку кликнат на друг прозорец.
Snapchat for Web нема реклами или огласи, ниту други опции за заработка, иако од компанијата истакнуваат дека планот е да се имплементираат и други аспекти на мобилната апликација, доколку има побарувачка за нив од корисниците.