Се шпекулира дека брендот Redmi на Xiaomi планира да ги објави телефоните Redmi K50S и K50S Pro во Кина.
Според се, K50S Pro може да дебитира како прв телефон со камера од 200 мегапиксели на компанијата. Ова го потврдуваат најновите информации кои се појавија за телефонот.
Сигурниот дојавувач Digital Chat Station ги објави главните спецификации на овој телефон, кој ќе користи чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, ќе има дисплеј од 120 Hz, главна камера од 200 MP и батерија од 5000 mAh.
Со оглед на тоа што Xioami веќе ги објави моделите Xiaomi 12S, 12S Pro и 12S Ultra, кои се опремени со чипот Snapdragon 8+ Gen 1, не се очекува да биде објавен друг модел со брендот „Xiaomi“ со истиот чипсет. Се верува дека тој ќе биде објавен под линијата Redmi.
Redmi K50S Pro веќе доби 3C сертификат, што сугерира дека Redmi K50S и K50S Pro би можеле да бидат официјализирани на кинескиот пазар во текот на август.
Поврзани артикли