Samsung обично ја освежува серијата Galaxy Watch во август, а тој месец доаѓа наскоро. Познатиот типстер на Твитер, Еван Блас, објави рендери кои го откриваат изгледот на двата претстојни модели.
Станува збор за паметните часовници на Samsung Galaxy Watch 5 и Galaxy Watch 5 Pro, кои ќе ја видат „светлината на денот“ на претстојниот Unpacked настан што ќе го одржи јужнокорејскиот технолошки гигант во август.
Galaxy Watch 5 pro il design pic.twitter.com/WYcSSkkiBC
— HWBrain (@hw_brain) July 7, 2022
Watch 5 Pro ќе биде наследник на минатогодишниот модел Galaxy Watch 4 Classic и ќе биде достапен во црна и сива боја на титаниум, а клиентите ќе можат да избираат помеѓу LTE и Bluetooth конекции. Понудата ќе вклучува големина од 45 mm, додека Watch 5 ќе биде достапен во големини од 44 и 40 mm. Покрај тоа, Watch 5 ќе се продава во црна, сина и бела боја.
Двата паметни часовници ќе имаат екрани од Sapphire Crystal и ќе имаат GPS и сертификат за водоотпорност 5ATM. На страна ќе има две копчиња, како и микрофон, а познато е и дека часовниците ќе користат Google wearOS 3.5 со интерфејс One UI Watch 4.5.
Galaxy Watch 5 il design pic.twitter.com/6ljzu1gU18
— HWBrain (@hw_brain) July 7, 2022
Новата серија Galaxy Watch 5 ќе биде лансирана заедно со Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip, како и со безжичните слушалки Galaxy Buds Pro.