Тим на научници од Аргентина тврди дека открил нов џиновски предаторски диносаурус кој имал голема глава, но многу мали раце за својата големина.
Научниците објавија во научното списание Current Biology дека во северна Патагонија се пронајдени големи скелетни остатоци од непознат вид. Meraxes gigas бил долг 11 метри, со глава долга околу еден метар и 20 сантиметри, но неговите раце биле долги само 60 сантиметри.
Научниците веруваат дека малите раце му дале на овој предатор предност во преживувањето.
Meet Meraxes gigas, the newest member of the carcharodontosaurid theropod radiation! Based on a well preserved skeleton, this giant carnivore was over 35 feet long and weighed around 9000 lbs. Published today in @CurrentBiology! Artwork (c) J. Gonzalez pic.twitter.com/zoqHGBLTQu
— Peter Makovicky (@PeteMakovicky) July 7, 2022
„Убеден сум дека овие пропорционално мали раце имале одредена функција. Скелетот покажува големи мускулни влошки и целосно развиен пекторален појас, така што раката имала силни мускули“, вели водачот на студијата Хуан Канале.
Коавторот Петар Маковицки објасни дека рацете на диносаурусот биле двојно пократки од должината на неговиот череп и дека тој буквално не можел да стигне до устата со рацете.
„Можеби ги користеле рацете за репродуктивно однесување како што е држење на женката за време на парењето или потпирање за да се исправат по одмор или паѓање“, објасни Канале за можната улога на рацете.
Meraxes gigas го добил името по змеј од серијата книги „Игра на тронови“ и припаѓал на кархародонтосауридите или „гуштерите со заби од ајкула.“ Овие животни тешки четири тони се верува дека талкале низ земјата пред околу 90 до 100 милиони години.
Научниците велат дека уште два вида се тираносауриди и абелисауриди, кои исто така имале мали раце од слични причини, пренесува Би-би-си.