Тоа се претежно различни специјални серии на Bugatti, а на листата нема ниту едно Ферари.
Добивањето на лотарија, многу добро платена работа, сопствена компанија или „играње“ на другата страна на законот (што искрено не го препорачуваме), може да ве стави во позиција на финансиска благосостојба, кога не е проблем да одвои неколку милиони евра за ексклузивен автомобил.
Ова се 10-те најскапи нови автомобили, а листата ја состави motorrai.nl.
Цените се во евра. Тоа се претежно различни специјални серии на Bugatti, а на листата нема ниту едно Ферари. Тие се евтини за овие автомобили.
10. Aston Martin Valkyrie – 2.840.000
Aston Martin Valkyrie е хибриден хипер спортски автомобил со ограничена едиција. Тоа е резултат на соработка помеѓу Aston Martin и Red Bull Racing, а целта е врвна агилност.
Aston Martin и Red Bull Racing ја нарекуваат Valkyrie најбрзиот автомобил во светот кој легално може да се вози по јавните патишта.
9. Pagani Huayra Roadster BC – 3.150.000
Pagani го опишува како „спонтана, незапирлива емоција“. Huayra Roadster BC има 6.0 twin-turbo V12 мотор со 803 КС, а тежи 1250 kg.
Развиен е во соработка со одделот на Mercedes AMG.
8. Bugatti Chiron Pur Sport – 3.190.000
Верзијата Chiron Pur Sport е вистински тркачки ѕвер. Сепак, колку и да звучи парадоксално, ова Bugatti е едно од најбавните возила на марката со максимална брзина од 350 km/h.
Michelin разви специјална гума која е поотпорна на странични сили од другите варијанти на гуми за Bugatti. Поради помалата максимална брзина, можно е да се монтира полесен сет на бандажи, а сè треба да резултира со поголема агилност на патеката.
7. Lamborghini Sian – 3.200.000
Секако, Lamborghini не треба да изостане на оваа листа. Овој хибриден автомобил има V12 мотор со електричен мотор и вкупно 812 КС.
Sian забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди. Беа произведени само 63 примероци.
6. Bugatti Chiron Super Sport 300+ – 3.500.000
Пред две години, Bugatti најави уникатно издание по повод 110-годишнината од своето постоење. Вака се роди Chiron Super Sport 300+. Направени се само 30 примероци.
Овој автомобил теоретски достигнува 490 km/h благодарение на специјално дотераниот мотор 8.0 W16. Автомобилот има дури 1.600 КС, но брзината сепак е ограничена на 440 km/h.
5. Lamborghini Veneno – 4.000.000
Veneno е создаден во 2013 година за 50-годишнината на Lamborghini. Автомобилот доаѓа во купе и роудстер варијанти, со максимална брзина од 355 km/h и спринт од место до 100 km/h за 2,5 секунди.
4. Bugatti Divo – 5.150.000
Bugatti Divo е именуван по францускиот возач Алберт Диво, кој победи на Targa Florio во 1920-тите.
Го има веќе легендарниот 8,0 литарски W16 мотор, 1500 КС и забрзува од 0 до 100 за 2,4 секунди. Максималната брзина на Divo е 380 km/h.
3. Bugatti Centodieci – 8.000.000
Centodieci буквално значи „110“. Ова е референца за уште едно ограничено издание, бидејќи автомобилот е дизајниран за 110-годишнината на Bugatti.
Базиран на Chiron, има и 8.0 шеснаесетцилиндричен мотор кој произведува 1600 КС. Тоа е 100 КС повеќе од Chiron, но Centodieci е нешто помалку брз од Chiron.
Сепак, сопствениците не се жалат, бидејќи автомобилот од 0-100 забрзува за 2,4 секунди и има ограничена максимална брзина од 380 km/h.
2. Bugatti La Voiture Noire – 18.600.000
Вториот најскап автомобил на оваа листа повторно е Bugatti. La Voiture Noire беше најскапиот автомобил во моментот кога излезе, а исто така технички е базиран на Chiron.
Овој автомобил има и 8,0 литарски W16 мотор. Како и кај другите верзии, моќноста останува на 1500 КС, а 100 км/ч достигнува за 2,5 секунди. Максималната брзина е над 400 km/h.
1. Rolls Royce Boat Tail – 24.900.000
Никој не ја знае точната цена на оваа „јахта на тркала“, но овој уникатен автомобил се смета за најскапиот мотор на четири тркала во моментов.
Автомобилот има фрижидери, шишиња со скапи пијалоци, чаши и чинии под „задната палуба“. Долг е речиси шест метри, а е направен по нарачка. Не е познато кој е сопственик на овој ексклузивен автомобил.
Поврзани артикли