Продажбата на електрични автомобили расте од година во година, како во Европа, така и во светот.
Така, во 2020 година, бројот на патнички автомобили на електричен погон во земјите-членки на Европската унија надмина еден милион. Според податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат), тоа е 20 пати повеќе од бројката забележана во 2013 година и три пати повеќе од 2018 година.
Како што се наведува понатаму, највисоките стапки на пораст на електричните автомобили се забележани помеѓу 2019 и 2020 година (+83 проценти) и помеѓу 2018 и 2019 година (+64 проценти). Во 2020 година нивното учество во вкупниот број на патнички автомобили се зголеми од 0,02 отсто на 0,4 отсто.
„Возниот парк на патнички автомобили во речиси сите земји-членки на ЕУ порасна во последните пет години, достигнувајќи вкупно 250 милиони автомобили во 2020 година“, според Евростат.
Луксембург го држи рекордот меѓу земјите-членки на ЕУ веќе 30 години. Имено, во оваа земја е забележана најголема стапка на моторизација, т.е. број на автомобили на илјада жители. Во 2020 година тоа изнесуваше 682 патнички автомобили на илјада жители. Следуваат Италија (670), Полска (664) и Финска (652).
Ниска стапка на моторизација е забележана во Романија (379 автомобили на илјада жители), и покрај зголемувањето на бројот на регистрирани автомобили во периодот 2015-2020 година (+41 отсто), Романија (390), Унгарија (403) и Бугарија (414).