Instagram продолжува со напорите да се натпреварува со TikTok, а тоа го претставува и најновиот потег на платформата.
Сервисот започна со тестирање на опцијата, која ќе овозможи секое видео објавено на Instagram да стане Reels, се со цел да го направи подостапно за повеќе корисници на Instagram и Facebook.
Официјален претставник на Мета истакна: „Ја тестираме оваа функција како дел од напорите да го поедноставиме и подобриме видео искуството на Instagram“.
Функцијата „Instagram Reels“ првпат стана достапна за корисниците во САД во август 2020 година, бидејќи тогаш е забележана популарноста на Reels форматот на кратки видеа.
Instagram is now making EVERY video a Reel
h/t @ChristinaSBG pic.twitter.com/YLRDhT1nw0
— Matt Navarra (@MattNavarra) June 30, 2022
Консултантот за социјални мрежи Мат Навара на Твитер објави фотографија од новата функција, истакнувајќи дека ќе бидат достапни видео ефекти, ќе може да се додава музика, а видео клиповите може да се ремиксираат во нови Reels и ќе бидат достапни за секого доколку сметката на корисникот е јавна. Ако имате приватна сметка на Инстаграм, Reels ќе бидат достапни само за вашите следбеници.
Споменатата промена е во фаза на тестирање, но не се знае дали и кога ќе стане достапна за сите корисници. Исто така, не е познато што ќе се случи со постојните видео содржини што се објавени на Instagram, како и дали корисниците сепак ќе можат да поставуваат видео клипови долги до 10 минути (или до 60 минути за верифицирани сметки).
Пред речиси една година, шефот на Инстаграм, Ада Мозери, истакна дека Инстаграм повеќе не е само апликација за споделување фотографии, а компанијата го префрла фокусот на креаторите, видеото, купувањето и пораките.