BMW го испрати во „пензија“ електричниот модел i3, а последните десет примероци се кријат зад името HomeRun Edition.
BMW подготви две двобојни опции за каросеријата за i3 HomeRun Edition.
Има и специјални алуминиумски тркала од 20 инчи и многу стандардна опрема, меѓу кои се издвојуваат адаптивни LED светла, подвижен стаклен покрив, внатрешност обложена со кожа, аудио систем Harman Kardon…
Со подобрувања во текот на девет години производство, најновата серија BMW i3 може да помине до 285 километри со едно полнење на батеријата (42,2 kWh).
Електричниот мотор на задната оска произведува 184 КС и 270 Nm вртежен момент, што е доволно за 160 km/h и забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од седум секунди.
Во очекување на почетокот на производството на новата генерација на електричниот MINI Countryman, кој е планиран за следната година, во фабриката во Лајпциг наместо производство на BMW i3 засега ќе произведува електрични компоненти за останатите електрични автомобили на BMW.
Поврзани артикли