Мета лансира онлајн продавница каде што корисниците на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер ќе можат да купат „дигитална облека“ за нивниот аватар.
Првите брендови во продавницата се Prada, Balenciaga и Thom Browne, а облеката вклучува костуми, дуксери и опрема за мотокрос.
Основачот и директор на Мета, Марк Закерберг, најави доаѓање на нови брендови.
„Дигиталните производи ќе бидат важен начин да се изразите себеси во метаверзумот, но исто така и главен двигател на креативната економија“, напиша Цукерберг во објавата на Фејсбук.
Луксузните модни брендови сè повеќе соработуваат со технолошки компании за создавање дигитални производи. Минатата година, Fortnite ги претстави скиновите на Balenciaga за играчите да можат да ги купат за нивните ликови во играта. Во Roblox, играчите можат да го посетат Gucci Town, кој има градина и виртуелна продавница со логото на брендот.
Иако брендовите се добро познати, веста за новитетот беше објавена „тивко“. Продавницата ќе биде пуштена во употреба „наскоро“, кога ќе бидат познати повеќе детали.
Поврзани артикли