WhatsApp почна да работи на нови поставки за приватност минатата година и сега тие се достапни за сите корисници.
Станува збор за можност за криење на фотографии на профилот, статусот „last seen“ и делот About од одредени контакти од листата, а овие опции првично беа достапни за ограничен број корисници. Сепак, тие сега се достапни за сите корисници на iOS и Android ширум светот.
Досега корисниците имаа три опции за профилна фотографија, статусот „last see“ и About инфо, а тоа се Everyone (Сите), My contacts (Моите контакти) и Nobody (Никој). На овие опции им се придружи и варијантата My contact except „Моите контакти освен“, која веќе беше достапна за поставување на Статус.
Како што сугерира нејзиното име, новата опција ви овозможува да прикажувате фотографија на профилот, статус „последна виден“ и информации за сите контакти од списокот, освен оние кои корисникот ги исклучува. Важно е да се напомене дека ако корисникот не го сподели својот статус „last seen“ со други, тој исто така нема да може да го види нивниот статус, исто како и известувањето за прочитаната порака. Единствената разлика е што споменатото известување останува активно секогаш во групните разговори дури и кога е исклучено.
За да ја контролирате приватноста, треба да изберете Settings – Account – Privacy на уредот iPhone или Android.
WhatsApp воведе и неколку новитети за групни повици, така што корисниците сега можат да ја изберат опцијата „mute“ за другите учесници во разговор за време на групен повик, а исто така може да испраќаат порака до одредени луѓе. Кога нов учесник ќе се приклучи на разговорот, ќе се појави лента за известувања.
Поврзани артикли