Кина соопшти дека нејзиниот џиновски телескоп Sky Eye можеби открил знаци на вонземски цивилизации, според извештајот во државниот весник Science and Technology Daily, но извештајот и публикацијата биле избришани набргу потоа.
Теснопојасните електромагнетни сигнали откриени од Sky Eye, најголемиот радио телескоп во светот, се разликуваат од претходно регистрираните и дополнително се истражуваат од тимот, се вели во извештајот.
Не е јасно зошто извештајот е очигледно отстранет од веб-страницата на Science and Technology Daily, официјалниот весник на кинеското Министерство за наука и технологија, иако веста веќе беше во трендинг на социјалната мрежа Weibo и беше пренесена од други медиуми, вклучително и оние државните.
Во септември 2020 година, Sky Eye, лоцирана во југозападната кинеска провинција Гуижоу и со дијаметар од 500 метри, официјално започна потрага по вонземски живот. Тимот откри два сета на сомнителни сигнали во 2020 година за време на обработката на податоците собрани во 2019 година, а во 2022 година открија уште еден сомнителен сигнал од податоците од набљудувањето на егзопланетите, рече научникот Џанг Тонџи.
Сепак, тие нагласија дека сомнителниот сигнал може да е резултат на некои радио пречки и дека е потребна дополнителна истрага.