Nintendo потврди дека објавил нова Nintendo Switch конзола за да спречи хакерски модификации кои го таргетираат популарниот гејминг систем.
Засега не е познато кога е објавена оваа нова верзија на конзолата, ниту какви хардверски промени добила. Нејзината објава беше потврдена за време на судењето на хакерот Гери Баусер од Team Xecuter Group.
Судењето заврши со изрекување на 40-месечна затворска казна за Баусер, а се појави и документација од овој случај која открива некои детали, меѓу кои и споменатата конзола.
„Нинтендо мораше да објави нова верзија на својот хардвер како одговор на хакерска алатка, а оваа модификација бараше безброј часови инженеринг и подесување на нашето глобално производство и синџир на снабдување, и секако соодветни ресурси“, се вели во соопштението на Нинтендо.
„Да бидеме јасни, овие ефекти се директен резултат на нападите на Баусер и Team Xecuter врз нашите мерки за заштита на технологијата.
Нинтендо истакна дека е агресивен со тужбата и дека со голема сериозност го третира овој спор, за да испрати порака. Не се посочува кога е пуштен во продажба новиот модел, но се претпоставува дека тоа можеби се случило во 2018 година.
Поврзани артикли