TiKTok додава нов екран на контролната табла што го прикажува времето на користење на апликацијата, како и „водич за благосостојба“ за тинејџерите на оваа платформа.
Популарниот сервис сака да им помогне на корисниците да управуваат со времето што го поминуваат во апликацијата со имплементирање на повеќе контроли за времето поминато на екранот.
Со споменатата промена, компанијата додава нова табла во рамките на апликацијата, која подобро ќе следи колку време корисниците поминуваат во апликацијата.
Контролната табла ќе прикаже статистика, како што е времето што сте го поминале во апликацијата, кога најмногу ја користите апликацијата и колку често се отвора. Покрај тоа, корисниците на TikTok ќе можат да поставуваат ограничувања за тоа колку долго ќе можат да ја користат апликацијата во одреден временски период.
Промените доаѓаат откако ToikTok и слични услуги се соочија со прашања за влијанието на овие апликации врз тинејџерите. TikTok истакнува дека планира да претстави дополнителни ограничувања кога станува збор за времето поминато во апликацијата за тинејџери на возраст од 13 до 17 години.