Националниот институт за информатичка и комуникациска технологија (NICT) од Јапонија успеа да постави рекорд во пренос на податоци.

Новиот рекорд за брзина на податоци сега е 1,02 петабити во секунда. Во превод, тој претставува милион гигабити кои се движат низ линијата секоја секунда. Во исто време, споменатиот пропусен опсег е доволен за истовремено пренос на 10 милиони видео feed-ови од 8K.

Истражувачкиот тим на истиот институт пред околу една година постигна само една третина од тоа што им успеа сега, кога станува збор за брзината на пренос на податоци.

Се наведува дека рекордот е постигнат со користење на мрежа од оптички влакна, која е многу слична на онаа што веќе се користи за сегашната интернет инфраструктура. Истражувачите истакнуваат дека ова ќе ја олесни идната имплементација и надградби кога станува збор за обиди овие брзини да станат стандард.

За време на експериментот беа користени MCF влакна и мултиплексирање на бранова должина. Ова значи дека сигналите со различни бранови должини се испраќаат истовремено низ линијата. Друга иновација беше употребата на четири јадра, кои четирикратно ги зголемија правците за пренос на податоци.

Каблите со иста големина како оние од стандардната линија на оптички кабел беа задржани. Истражувањето беше објавено за време на меѓународната конференција CLEO 2022.