Функцијата Sensitive Content Control на Instagram, која на содржината ги става приспособливите филтри препорачани од платформата, сега се применува на повеќе содржини на Instagram.
Во објава на својот блог, Инстаграм истакнува дека го проширува влијанието на овие поставки надвор од страницата Explore. Ќе биде вклучено секаде каде што ќе се појават препораки, вклучително и feed, search, hashtag страници, Reels и Accounts You Might Follow
As we continue giving people more choice and control over their experience on Instagram, we’re expanding the Sensitive Content Control to cover the content you see across all the places where we connect people with new things. https://t.co/neie9bruyj
— Instagram Comms (@InstagramComms) June 6, 2022
Иако корисникот секогаш може да избира помеѓу три опции, кои се разликуваат по тоа колку чувствителна содржина филтрира Instagram, компанијата ги преименува постоечките опции. Наместо „Allow“, „Limit“ i „Limit Even More“, Instagram сега овие нивоа ги нарекува „More“, „Standard“ и „Less“.
Налозите се подразбира, ќе бидат поставени на Standard, што ќе овозможи да се видат одредени чувствителни содржини на платформата. Функцијата би можела да ја подобри видливоста на содржината на некои креатори, барем кога станува збор за корисници кои одобруваат прикажување на почувствителна содржина преку филтри.
Беше истакнато дека ако ја поставите функцијата Sensitive Content Control на More, тоа не значи дека Instagram ќе прикажува секаков вид на содржина. Објавите што ги прекршуваат препораките и Community Guidelines на сервисот ќе продолжат да се отстрануваат.