Наместо две посебни решенија, Google од крајот на годината ќе обезбеди единствена апликација која треба да го донесе најдоброто од она што го нудат Meet и Duo.
Google најави нови промени во своите апликации за комуникација Duo и Meet. Со цел да се поедностави комуникацијата и да се обезбеди на корисниците уникатно решение за деловна и приватна комуникација, тие наскоро ќе ги поврзат Duo и Meet во единствена платформа наречена – Google Meet.
Ова е еден од пазарите каде Google не е добро рангиран, па кога ќе помислите на апликации за комуникација, Duo и Meet ретко ќе ви паднат на ум. Според Хавиер Солтеро, првиот човек на Google Workspace, тоа би можело да се промени кога овие две услуги ќе станат единствена услуга во која ќе го имплементираат најдоброто од двете апликации.
Додека Meet се покажа како особено корисен за време на пандемијата и работа од дома, Duo е класична апликација за видео комуникација помеѓу две лица, па затоа повеќе се користи како на пр. FaceTime.
Основа за унифицираната платформа ќе биде мобилната апликација Duo, која по надградбата, освен што ќе стане Google Meet, ќе добие и опции од актуелната апликација Meet, која може да ја очекуваме до крајот на годината. Тековниот Meet ќе го промени своето име во Meet Original, па Google на крајот ќе го исклучи.
Во интервју за The Verge, Дејв Ситрон, директор за развој на производи во Google, објасни зошто се одлучиле на таква тактика. Тој рече дека мобилната апликација Duo е прилично софистицирана, особено „под хаубата“, што е најизразено на пазарите во развој каде мрежното поврзување е ретко или нестабилно. Од друга страна, Meet е многу поразвиена веб платформа, па затоа е основа за нов комбиниран систем.
Потегот на Google, според технолошките медиуми, би можел да збуни многумина, но според Ситрон тоа е најдобриот начин на кој компанијата, секако, може да напредува на овој пазар.
Поврзани артикли