Месецот јуни донесе добри вести за љубителите на играта Diablo Immortal.
Новата игра сега е достапна за уреди со оперативни системи iOS и Android, но и за компјутери. Целосно е бесплатна, играта се игра исклучиво онлајн и поддржува cross-play и cross-progression, што значи дека играчот може да напредува со истиот лик на мобилната и компјутерската верзија на играта.
Има добро познати ликови како Necromancer и Barbarian, но достапни се и некои нови.
Looting ќе понуди повеќе развој на карактери и прилагодување.
Контролите на Android и iOS се прилично лесни и едноставни, левата страна на екранот се користи за навигација, а десната за напади, магија и друго.
Контролите на компјутерот првенствено се фокусирани на глувчето, но овој пат Blizzard го имплементира движењето WASD, како и контролите на копчињата од 1 до 4.
Поврзани артикли