Анализата на апликацијата за Android на Google откри потенцијални планови за компанијата да го надгради виртуелниот асистент Google Assistant.
Иако „длабокото нуркање“ во АПК не секогаш дава точни информации, ниту пак одредени функции се дел од новите верзии, сепак е интересно да се види дека Google презема нов голем чекор во подобрувањето на својот асистент. Системот, наводно, ќе може да го складира и анализира гласот на корисникот, а со тоа ќе ја забрза реакцијата и точноста бидејќи гласот на корисникот и често користените зборови ќе му станат познати на Google Assistant.
Асистентот ќе има пристап до серверите на Google, каде што ќе се анализираат резимеа на моделите на говор на другите корисници. Функцијата најверојатно ќе овозможи понапредно препознавање на команди и имиња на контакти.
Сепак, поради загриженоста за приватноста, се верува дека Google ќе понуди опција во поставките за исклучување на персонализираното препознавање глас доколку корисникот не сака неговиот глас да биде зачуван некаде.