Ако синоќа имавте проблеми со пристапот до Инстаграм – не сте единствените. Извештаите преку Интернет (Downdetector, Reddit) укажуваат на тоа дека многу корисници пријавиле различни грешки со услугата.

Корисниците на Инстаграм забележале екрани на кои не се најавени, страници со празни објави на фотографии, пораки „Добре дојдовте на Инстаграм“ како да имаат сосема нова сметка или фидови кои не се вчитуваат по неколку фотографии.

Рано утрово, по полноќ, Инстаграм објави дека споменатите проблеми се решени, па апликацијата би требало повторно да работи без никакви проблеми.

Во изјавата за The Verge, Инстаграм истакна: „Во текот на вчерашниот ден, корисниците имаа проблеми со пристапот до Инстаграм. Брзо го решивме проблемот за сите што беа погодени од ова и се извинуваме за непријатностите“.

Интересно е што прекинувањето на Инстаграм не беше поврзано со некоја посебна функција, па функционираат другите сервиси. NetBlocks објави дека проблемите со Инстаграм се забележливи на глобално ниво, но сега веќе нема блокирање на работата.