Instagram претстави големо „освежување на брендот“
Instagram создаде сопствен фонт наречен Instagram Sans, кој доаѓа со различни подфонтови. Компанијата планира да го користи овој фонт во маркетингот, но и во самата апликација.
Instagram Sans е инспириран од логото на Instagram, соопшти компанијата, и ја одржува посветеноста на компанијата за едноставност и вештина. Во основа, фонтот е инспириран од комбинација на квадрати и кругови, или како што Instagram ги нарекува „squircles“.
Повеќето форми на Instagram Sans се засноваат на Sans Serif фонтови, што има смисла за бренд со толку голема глобална и разновидна група на корисници.
Од Instagram изјавија дека соработувале со лингвисти за да се погрижат фонтовите да бидат приспособени на што е можно повеќе јазици, вклучително и јазици како јапонски и тајландски.
Она што овие фонтови му даваат на Instagram е, наводно, многу поинаков идентитет.
Instagram се надева дека корисниците ќе го пробаат Instagram Sans во различни верзии на функциите Stories и Reels.
Се чини дека Instagram од време на време ќе вметнува нови фонтови во апликацијата и нема веднаш драстично да го промени изгледот на апликацијата. Во секој случај, немојте да се изненадите ако видите нови фонтови кои се појавуваат на различни места во апликацијата.