Дивелоперот Kylotonn и издавачот Nacon го најавија пристигнувањето на нова игра базирана на FIA Светскиот рели шампионат, односно сезоната 2022 година.
Играта се вика WRC Generations и е седма од серијата WRC игри развиени од Kylotonn. Ова ќе биде последна игра пред истекот на лиценцата на споменатиот програмер, по што во 2023 година ќе ја преземе Electronic Arts.
По играта WRC 10 од 2021 година, WRC Generations се оддалечува од вообичаената номенклатура на официјални WRC игри. Покрај новото име, играта доби голем број специјални додатоци, вклучувајќи автомобили и патеки.
Дел од играта ќе бидат автомобилите на Rally1, како и правилата кои важат оваа година. Меѓу новите автомобили се Toyota GR Yaris Rally1, Hyundai i20 N Rally1 и Ford Puma Rally1, а играчите ќе имаат на располагање и 37 историски автомобили прикажани во најавниот трејлер.
Патеката Rally Sweden е изменета и сега е тесна, брза и покриена со снег за да се рекреираат условите во регионот Умеа оваа сезона. Има и дополнителни девет локации надвор од календарот на WRC, така што новата игра ќе понуди вкупно 165 стази.
Проширениот career мод од WRC 10 е исто така дел од играта WRC Generation, така што гејмерите имаат можност да создадат свој тим. League режимот, исто така, ќе биде дел од играта, и тоа е нешто како online multiplayer мод кој го има WRC 10.
Играта WRC Generation ќе биде достапна од 13 октомври 2022 година за PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series X и S, а подоцна ќе пристигне за PC и за рачната конзола Nintendo Switch.
Поврзани артикли