Се очекува Samsung да ги претстави своите флексибилни телефони од следната генерација за неколку месеци. Тоа ќе биде Galaxy (Z) Fold4 и Galaxy (Z) Flip4.

Сега Galaxy Z Flip4 е забележан на бенчмарк страницата Geekbench, која исто така открива некои од главните карактеристики на телефонот. Според наводите, уредот има моделска ознака SM-F721U, кој е наменет за американскиот пазар.

Телефонот се напојува со осмојадрен процесор, за кој се верува дека ќе биде претстојниот чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 Plus кој ќе биде претставен наскоро.

Дополнително, телефонот има 8 GB RAM, а работи на оперативниот систем Android 12 (веројатно со One UI 4.1). Претходно се споменуваше батерија од 3700 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W.

Се очекува Galaxy Z Flip4 да биде достапен во златна, сива, светло сина и светло виолетова боја.