Човештвото веројатно е со децении далеку од испраќање луѓе на површината на Марс, но американската вселенска агенција НАСА објави нацрт на нова работилница на високо ниво која покажува како би изгледала триесетдневната мисија на Црвената планета.
Од примарно значење за едномесечен престој на Марс е вселенското летало кое ќе превезува астронаути од Земјата, а кое може да послужи и како живеалиште за време на нивниот престој на Црвената планета. Тоа би значело дека е потребна хибридна ракета, која е комбинација од хемиски и електричен погон.
Шемата на НАСА за испраќање луѓе на Марс би вклучила две лица во орбитата, додека двајца астронаути би слетале на површина во лендер од 25 тони.
Нацртот на високо ниво содржи 50 клучни точки кои се дел од четири широки категории на човечки истражувања, а ја вклучуваат инфраструктура на Месечината и Марс, операции и наука.
„Повратните информации што ги добиваме за нашите цели што ги поставивме ќе ни ги даде потребните информации за нашите планови на Месечината и Марс за следните 20 години. Бараме помош за дефинирање на овие цели и сакаме да бидеме што е можно потранспарентни. Со таков пристап, ќе најдеме „дупки“ во нашата архитектура, како и области каде што нашите цели се усогласуваат со целите на индустријата и меѓународните партнери за идни соработки“, рече Пем Мелрој од НАСА.
Директорот за вселенска архитектура на НАСА, Курт Фогел, изјави дека двајца членови на екипажот би можеле да преживеат во ровер кој ќе служи како истражувачко возило, но и како живеалиште. На овој начин би можеле да се исполнат научните цели.
Тој додаде дека на НАСА и треба што повеќе време за да се прилагоди на „делумната гравитација“ бидејќи гравитацијата на Марс е еднаква на само една третина од гравитацијата на Земјата.
„Сакаме да дадеме се од себе за астронаутите да можат да возат ровер на површината на Марс пред да се навикнат, да тренираат во вселенски костуми, да излезат на површината и научно да ги искористат 30-те денови“, истакна Вогел.
Со оглед на времето на патување од Земјата до Марс и назад, идната мисија на површината на Црвената планета би можела да потрае две години. Исто така, астронаутите би можеле да поминат 500 дена на површината на Марс, што би значело речиси 1.000 дена одвојување од Земјата.
Сепак, сценариото од 30 дена на Марс изгледа многу пореално со оглед на психолошкиот стрес поради оддалеченоста од Земјата, како и логистичките и финансиските потреби за долг престој на вонземски светови.
По завршувањето на работата на станицата Lunar Gateway која ќе биде оперативна во орбитата на Месечината, НАСА ќе започне со работа на Транзитното живеалиште, кое ќе нуди засолниште за астронаутите на нивното долго и историско патување до Марс.
Поврзани артикли