Компанијата OnePlus официјално го претстави смартфонот Ace Racing Edition, кој е наменет за гејмерите со мал буџет.
Како што сугерира името, новиот смартфон е поврзан со моделот OnePlus Ace, користејќи го истиот процесор Dimensity 8100-Max изграден на технологијата од 5 nm, која е ривал на Snapdragon 888.
„Оригиналниот“ Ace со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чини околу 352 евра, додека Ace Racing чини 280 евра.
OnePlus ги намали трошоците со замена на 6,7-инчниот AMOLED екран со малку помал LCD екран од 6,59 инчи, фреквенцијата од 120 Hz не е променета, а достапни се шест режими (30, 48, 50, 60, 90 и 120 Hz). Touch sampling rate е помал и изнесува 240 Hz наместо 720 Hz.
Сепак, сè уште е висококвалитетен екран бидејќи ја покрива целосната палета на бои DCI-P3 со максимална осветленост од 600 нити и не се работи за 10-битен панел. Од друга страна, екранот има HyperBoost технологија.
Променета е и батеријата така што уредот се напојува од батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W. За 29 минути батеријата се полни од 0 до 80 проценти капацитет.
Променети се и камерите, така што главната камера од 64, ултра-широка од 8 MP и макро сензорот се на задната страна, додека селфи камерата од 16 MP е напред. Стандардниот Ace има камера од 50 MP со оптичка стабилизација.
Racing Edition снима 4K видео со 30 fps, а Ace 4K видео со 60 fps. Новиот уред има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и поддржува висококвалитетно Bluetooth аудио, додека стерео звучниците со овозможен Dirac Audio се одговорни за слушање музика без слушалки.
OnePlus соработуваше со Razer на нов проект за паметни телефони и тие се обидоа да го рекреираат чувството на тастатурите BlackWidow и Mercury на Razer. Хаптичките повратни информации што симулираат притискање на копчињата се овозможени со помош на линеарен мотор со X-оска.
Се прифаќаат преднарачки на моделот OnePlus Ace Racing, а попустите важат во почетната фаза од продажбата во период од 14 дена.
Достапни се три конфигурации, 8/128 GB, 8/256 GB и 12/256 GB, како и две бои на уредот, сива и сина.
Дали овој модел ќе биде достапен на светскиот пазар се уште не е официјално потврдено.