Германскиот производител ги објави цените на електричниот модел ID. Buzz.
Новото електрично комбе на Volkswagen, кое е духовен наследник на легендарниот Typ 2, ќе биде достапно на одредени европски пазари веќе оваа недела. Почетната цена во Германија без субвенции е 64.581 евро. Станува збор за верзија со 5 седишта.
Кога станува збор за карго варијантата ID. Buzz Cargo, овој модел чини од 54.430 евра, исто така без државни стимулации.
Според веб-страницата Мотор1, за ова електрично комбе во Германија може да се поднесе барање за субвенција во висина од 7.500 евра, што значи дека за таа сума би се намалила и крајната цена за двете возила.
VW ID. Buzz пристигнува во салоните низ Европа во третиот квартал од оваа година, со капацитет на батерија од 82 kWh и пет седишта за патничката верзија, додека ID. Buzz Cargo има карго простор кој може да собере две евро палети.
Како што е најавено, ID. Buzz првично ќе се нуди во Европа со конфигурација со пет седишта (дворедни), а Volkswagen вели дека шест седиштата (три реда, две седишта) со стандардно меѓуоскино растојание ќе биде пуштена подоцна.
Верзијата со продолжено меѓуоскино растојание ќе пристигне на европскиот пазар во 2023 година и ќе се нуди како седумседишта, со конфигурација 2/3/2. Карго варијантата се нуди со клупа за двајца, возачот и совозачот или со две одделни седишта.
Ширина на двата модели, ID. Buzz и ID. Buzz Cargo, е 1.985 mm, додека должината е 4.712 mm. Меѓуоскиното растојание е 2.988 mm, висината на патничката верзија е 1.937 mm, а карго верзијата е повисока за 1 mm.
Volkswagen сè уште не ја открил проценетата автономија на возење со полна батерија, но компанијата потврди дека првично ID. Buzz ќе има капацитет на батерија од 82 kWh. Ќе придвижува електричен мотор со 204 КС (150 kW) и вртежен момент од 310 Nm, а моторот ја испраќа моќноста до задната оска.
Поголем избор на опции за батерии и различни излезни моќи ќе бидат достапни следната година, а во план е и модел со погон на сите тркала, но VW не објави детали.
Максималната брзина на верзијата со 204 „коњски сили“ е ограничена на само 145 km/h.