Апликациите што не се ажурирани во последните две години ќе бидат отстранети, сето тоа поради неодамнешните услови за користење што ги промени Google Play.

Привршуваат деновите на застарени и запоставени апликации на Google Play Store, бидејќи Google сака да ги отстрани апликациите што не биле ажурирани две години.

Ова е резултат на неодамнешните промени во однос на употребата, што Google Play неодамна ги имплементираше. Според извештаите, околу 869.000 се дел од оваа чистка во продавницата на Google.

Apple презеде слични мерки во својата App Store во април, предупредувајќи ги програмерите дека ќе ги отстранат апликациите што не биле ажурирани во значителен период. На програмерите им е даден рок од 30 дена да ги ажурираат своите апликации за да ги исполнат барањата.

На Google Play Store, апликациите засегнати од оваа одлука ќе бидат скриени од резултатите од пребарувањето или целосно отстранети. Сепак, тоа нема да се случи пред 1 ноември, кога се очекува Android 13 да биде достапен на телефоните на Google Pixel.

Причината зошто се спроведуваат овие мерки е да се заштитат корисниците од инсталирање апликации кои можеби ги немаат најновите функции и опции за безбедност и сигурност.

Според аналитичката компанија Pixalate, 68 отсто од апликациите од Play Store и App Store се ажурирани во последните две години. Тоа е повеќе од 3,1 милиони апликации.