Илон Маск, извршен директор на SpaceX и Tesla, истакна дека алгоритмот на Твитер манипулира со корисниците, на многу начини што не ги разбираат.
Идниот сопственик на Твитер реши да го критикува алгоритмот на популарната платформа за микроблогирање на неговиот личен профил на оваа мрежа. Според него, многу е важно корисниците на Твитер да го „корегираат својот твитер фид“.
I’m not suggesting malice in the algorithm, but rather that it’s trying to guess what you might want to read and, in doing so, inadvertently manipulate/amplify your viewpoints without you realizing this is happening
— Elon Musk (@elonmusk) May 15, 2022
Маск истакна дека корисниците се „манипулирани од алгоритмот“ на начини непознати за нив и дека ќе можат да ја забележат разликата кога се префрлаат помеѓу Latest Tweets и Home Tweets.
Маск објаснува дека тој не сугерира дека има „злоба во алгоритмот“, туку како, во рамките на Home Tweets, алгоритмот се обидува да му покаже на корисникот што сака да прочита, што ненамерно ги манипулира/зајакнува вашите ставови без да сфатите дека тоа се случува.
Маск понатаму споменува дека има грешки во кодот на Твитер, а за да се решат овие проблеми со доверба во алгоритмот, тој треба да биде со отворен код.