Неодамна дознавме како ќе изгледа екранот на телефонот Galaxy Fold4 на Samsung, а сега се појавија рендери за Galaxy Flip4.

Galaxy Flip4 (Samsung наводно ќе ја исфрли буквата „Z“ од името на следната генерација на флексибилни телефони), според @OnLeaks, ќе има речиси идентичен изглед како неговиот претходник.

Надвор, сè уште има два тона боја, две камери на задната страна и мал дисплеј за известувања. Внатре е флексибилен екран од 6,7 инчи со „punch-hole“ отвор за селфи камера.

Ова не е преголемо изненадување. По првиот модел Z Flip, Samsung неколку месеци подоцна објави речиси идентичен модел Z Flip 5G, па компанијата веќе докажа дека не се двоуми да го надгради хардверот, без да го промени изгледот на уредот.

Од друга страна, минатогодишниот Galaxy Z Flip3 имаше дизајн што многумина го пофалија, нема потреба од голем редизајн. Повеќе детали, како и официјалното соопштение, се очекуваат во текот на август доколку Samsung го следи истиот план за објава како и минатата година.